сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Регион

Брнабиќ: Центрите за мигранти во Србије се само гласини, Фронтекс не доаѓа

Брнабиќ: Центрите за мигранти во Србије се само гласини, Фронтекс не доаѓа
epaselect epa05897672 Migrants loiter on the territory of an abandoned brick factory in Subotica, Northern Serbia, 10 kms from the Hungarian border, 08 April 2017. Around 7,000 migrants have been stranded in Serbia following Balkan border closures last year and the European Union's attempts to control immigration. Many are sleeping rough in makeshift shelters or parks. EPA/EDVARD MOLNAR HUNGARY OUT

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ги негираше информациите дека се разговара за центри за мигранти во Србија, како и за доаѓање на европската гранична служба Фронтекс да ги чува границите на Европската унија.

– Ве молам да не пренесувате гласини дека во Србија ќе има некои центри за мигранти, па поради тоа Фронтекс ќе ги чува границите. Не. Не се разговара и никогаш не се ни разговараше за тоа. Не си играјте со такви работи, изјави Брнабиќ на прашање на новинарите.

Како што рече премиерката, соработката со Фронтекс е најдобрата форма на соработка на Србија со ЕУ. Брнабиќ потсети дека Србија била во специфична ситуација, бидејќи мигрантите од земјите на ЕУ доаѓале во земјата на патот за други земји на ЕУ, така што границите на ЕУ не се чуваат тука.

– Ние ги чувавме границите на ЕУ и тоа на најдобар можен начин, со здружени сили на армијата и на полицијата и ве молиме да не ги пренесувате озборувањата како можна вистина, на што треба да одговорат официјалните лица од ЕУ и Србија, изјави Брнабиќ. (МИА)

Коронавирус