сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Регион

Британскиот сој на коронавирусот во Словачка се шири неконтролирано

Британскиот сој на коронавирусот во Словачка се шири неконтролирано

Дури 71 % од позитивните резултати од тестовите направени во средата докажале дека британскиот сој е присутен.
Ова го објави премиерот на Словачка, Игор Матович на својата официјална страница на Фејсбук.

Од друга страна, универзитетската клиника во Кошице, вториот најголем град во земјата, денеска објави дека дури во 90% од позитивните случаи мутацијата е видлива.

– Изгледа дека процентот во Словачка е поголем отколку во остатокот од Европската унија, па дури и поголем отколку во Велика Британија, изјави за новинската агенција ТАСР Павол Јарчуска, шеф на одделот за инфективни болести на универзитетската клиника.

За потсетување, Словачка изминатиов период по карантинот повторно ги отвори училиштата. Но, некои општини се одлучија да ја повлечат таа
одлука.

Досега имало 5000 смртни случаи од коронавирус во Словачка.

ЕУРО 2020

Македонија