вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 72
home Регион

Бремена жена паднала во шахта во центарот на Софија

Бремена жена паднала во шахта во центарот на Софија

Бремена жена паднала во шахта во близина на Централната пошта во Софија, пишува „БНТњуз.бг“.

Жената имала 38 години. Се шетала со сопругот кога згазнала на капакот, по што тој се поместил и таа паднала на висина од околу 3 метри. Жената е пренесена во болницата „Пирогов“, но се уште нема информации за нејзината состојба.

Полицијата врши увид на лице место. Пристигна и екипа од општина Софија.

Коронавирус