Припадничка на српската армија Б.М. (24) се самоубила во својот дом во селото Дубље, јавуваат српските медиуми.
Според нив, таа била во петтиот месец од бременоста и требала да се венча во сабота.
„Блиц“ пишува дека таа извршила самоубиство со карабина која е во сопственост на нејзиниот невенчан сопруг кој исто така е припадник на српската војска.