сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Братот на Радован Караџиќ осуден на две години затвор

Братот на Радован Караџиќ осуден на две години затвор

Вишиот суд во Крагујевац го осуди во повторената постапка Лука Караџиќ на двегодишна затворска казна, јавуваат српските медиуми.

Освен тоа, нему му е изречена и забрана за управување моторно возило во трање од две години.

Против Лука Караџиќ, брат на некогашниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ се водеше судска постапка поради сообраќајна несреќа која се случи на 14 јули 2005. година на магистралниот пат Крагујевац – Мали Пожаревац, во која смртно настрада девојката Б.Р. од Бања.

Портпаролката на судот изјави дека Лука Караџиќ е осуден за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Коронавирус