недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Регион

Брачна трагедија го потресе Балканот: Маж и жена заедно се самоубиле со скок од зграда

Брачна трагедија го потресе Балканот: Маж и жена заедно се самоубиле со скок од зграда

Маж и жена од Белград утринава извршиле самоубиство со заеднички скок од недовршена стамбена зграда во белградската населба Борча, објавија српските медиуми.

Како што пишува Блиц, има сомнежи дека брашниот пар В.Н. (54) и Д.Н. (55) со заеднички договор скокнале од зградата.

Мажот Д.Н. претходно се јавил на близок роднина и го најавил самоубиството.

Од Итната помош изјавија дека веднаш испратиле екипи на местото на настанот, но се што можеле да сторат лекарите било констатирање на смртта на несреќните маж и жена.