вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 37
home Регион

Божовиќ: Поддршка ќе има само влада договорена од трите коалиции

Божовиќ: Поддршка ќе има само влада договорена од трите коалиции

Кандидатката за пратеник од коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Јелена Божовиќ, денеска изјави деке е дезинформација и невистина наводната листа на министри на новата црногорска Влада, што е објавена во некои регионални медиуми.

„Само составот на владата што ќе биде резултат на преговори и волјата на пратениците на трите коалиции – може да добие поддршка“, напиша Божовиќ на Фејсбук.

Дел од медиумите во регионот деновиве објавија дека партијата на Дритан Абазовиќ веќе ја составила новата црногорска Влада, со имињата на идни министри.

Божовиќ ги повика граѓаните кои гласаа за нејзината коалицијата да не се грижат.

„Никој однадвор, особено УДБА, нема да може да ја попречи изборната волја на граѓаните“, напиша Божовиќ.

Според наводната листа составена од коалицијата УРА, премиер на новата влада би бил Здравко Кривокапиќ, а Дритан Абазовиќ ќе бил заменик претседател за надворешна политика и одржлив развој. (МИА)

Коронавирус