вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 174
home Регион

Босна и Херцеговина забрани влез за лицата кои доаѓаат од ризични земји

Босна и Херцеговина забрани влез за лицата кои доаѓаат од ризични земји

Босна и Херцеговина денеска официјално забрани влез за лица кои доаѓаат од ризични земји каде е зголемен бројот на заразени со коронавирусот.

До граничната полиција на Босна и Херцеговина е упатена наредба да се забрани влез за лицата кои доаѓаат од Италија, Иран, Јужна Кореа и одредени делови на Кина, односно областа Хубеи и градот Вухан.

Одлуката стапи на сила откако директорот на граничната полиција на Босна и Херцеговина, Зоран Галиќ доби службено барање од министерот за безбедност, Фахрудин Радончиќ.

Во Босна и Херцеговина досега од Ковид-19 се заразени седум лица.

Локални избори 2021