сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Регион

Борисов до Силвестер Сталоне: Ти се уште си истиот Рамбо (ВИДЕО)

Борисов до Силвестер Сталоне: Ти се уште си истиот Рамбо (ВИДЕО)

Денес Бојко Борисов се состана со Силвестер Сталоне, кој го снима продолжението на „Рамбо“ во Бугарија. Ова се гледа од видеото објавено во профилот на бугарскиот премиер на Фејсбук.

„Мислам дека поминаа 10 години откако се видовме“, му рече Борисов. Сталоне го поправи дека годините се 11. „Ти се уште си истиот Рамбо“, изјави Борисов. Тој покажа слика на претходниот состанок меѓу нив, објаснувајќи дека тогаш сѐ уште бил градоначалник на Софија.

На прашањето дали Бугарија му се допаѓа и дали е променета, Сталоне одговори дека се занимава со филмови и филмската индустрија и земјата е подобра од претходниот пат. Според неговите зборови, бугарските филмски работници градат побрзо од американските. Тој даде пример со некои од сцените во новиот Рамбо. „Над 62 километри сме изградиле метро. Паркови, градини“, одговори Борисов.

Потоа Сталоне покажа на Борисов трејлер на филмот и повторно пофали условите за создавање на филмови во земјата. Бугарскиот премиер коментира дека Бугарија ќе се натпреварува со Хрватска, каде се снимени делови од серијата „Игра на тронови“.

„Во Бугарија е многу студено во зима“, истакна Сталоне. „А во Северна Македонија да не е поубаво? Таму е уште постудено. А тука ги имаме Банско, Пампорово, Боровец. Светско првенство за скијање имаме“, истакна Борисов и го покани американскиот актер да доаѓа да снима во Бугарија од мај па натаму.