петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Регион

Бомбашки напад врз автобус со полицајци во Турција

Бомбашки напад врз автобус со полицајци во Турција

Повеќе лица се повредени утрово во бомбашки напад врз автобус, кој превезувал полицајци, во јужната турска покраина Адана, јави „Ројтерс“.

Повредените полицајци со возило на брзата помош биле пренесени во најблиската болница.

Вооружани полициски службеници го блокираа местото на нападот и спроведуваат истрага.

Засега не е познато кој е одговорен за нападот.

Турската државна агенција „Анадолија“ пренесе дека гувернерот, Адане Махмут Демиртас изјавил дека според првичните информации нема тешко повредени.

 

Локални избори 2021