понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 160
home Регион

Бојко Борисов во изолација

Бојко Борисов во изолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека е во самоизолација затоа што бил во контакт со заменик министерот за градежништво Николај Нанков, кој е позитивен на коронавирусот.

Борисов се тестираше денеска пред да се сретне со Кејт Крач, член на американскиот Стејт департмент за економски развој, енергија и развој.

Тој претходно беше информиран дека Нанков се заразил со Ковид 19, поради што ќе остане дома се додека здравствените работници не проценат дали може да го напушти карантинот.

-Чекам инструкции од здравствените работници и до тогаш ќе бидам во самоизолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделникот, напиша Борисов на Фејсбук. (МИА)

Коронавирус