среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 38
home Регион

Блиц: 11 ноември можно е да биде пресуден датум за преговорите Белград-Приштина

Блиц: 11 ноември можно е да биде пресуден датум за преговорите Белград-Приштина

Преговорите меѓу Белград и Приштина можно е конечно да се приближат до решение на 11 ноември во Париз, каде Александар Вучиќ и Хашим Тачи можно е да разговараат со четирите најмоќни лидери во светот, објави Блиц.

Весникот наведува дека претседателот на Србија ќе има средба во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а можно е и со претседтаелот на САД Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин, како и со Тачи.

Според весникот, на свеченоста по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна „почеток на патот кон трајно помирување можно е да најдат Србите и Албанците, чија историја на судири е подолга од еден век“. Весникот пренесува и изјави на аналитичари кои тврдат дека вклучувањето на Трамп и на Путин ќе донесе целосно нов формат на дијалогот што би бил поместен од Брисел и би бил извесна мировна конференција. (МИА)

Коронавирус