петок, 3. декември 2021. Вести денес: 92
Во живо

Мицкоски во Прилеп на средба со претставници на Регионалната стопанска комора

home Регион

БиХ и оваа година без претставник на Евровизија

БиХ и оваа година без претставник на Евровизија

Официјалната страница на Evrovision Song Contest денес го откри списокот на кои се наоѓаат 41 земја кои ќе учествуваат во 66-то издание на Евровизија.

На списокот повторно се најдоа и Црна Гора и Арменија кои последен пат учество имаа на Еворвизија во 2019 година во Тел Авив.

Поради финански проблеми и долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Босна и Херцеговина за жал ни овој пат нема да имаат претставник на овој натпревар.

Од ЕБУ велат дека ова исто така ќе биде посебна година за норвешката национална радио и телевизија НРК, која во февруари ќе го прослави јубилејниот шеесетти избор на песни за Евровизија, во големото финале на Гран при Мелоди. Со вториот јубилеј ќе се одбележи 300. изведба на „Големата петорка“, која се состои од песни од Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија.

Коронавирус