петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 190
home Регион

БиХ денеска ги предава одговорите на Прашалникот на Еврокомисијата

БиХ денеска ги предава одговорите на Прашалникот на Еврокомисијата

Босанските власти денеска на претседателот на Евроската комисија, Жан-Клод Јункер ќе му ги предадат одговорите на Прашалникот на Еврокомисијата за подготвеноста на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ.

Церемонијата на предавање на одговорите ќе се одржи во зградата на Претседателството на БоХ ов Саарево, а на неа покрај Јункер ќе присуствуваат и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседски односи Јоханес Хан.

Европската „тројка“ денеска ќе престојува во Срараево во рамки на неколкудневната турнеја на Јункер низ земјите од Западен Балкан, што започна во неделата со неговата посета на Скопје.

Предвидено е европските лидери во Сараево да се сретнат со членовите на Претседателството на БиХ и со босанскиот премиер Денис Звиздиќ.

БиХ го доби Прашалниот на Европската комисија на 9 декември 2016 година, со што официјално започна процесот на подготовки на земјата за членство во ЕУ. Барањето за членство во Унијата, БиХ го достави во февруари 2016 година.

Одговорите на Прашалникот ќе имаат клучна улога во носењето на одлуката на Европската комисија за давање препорака за доделување на стаусот кандидат за членство во ЕУ на БиХ.

Од Сараево, европската делегација ќе отпатува за Приштина, што ќе биде нивна последна етепа од обиколката на земјите од Западен Балкан, по што утре во Софија тие ќе се сретнат со лидерите на западнобалканските земји и бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Коронавирус