понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 154
home Регион

Белградска Арена повторно пренаменета во ковид болница за 510 пациенти

Белградска Арена повторно пренаменета во ковид болница за 510 пациенти

Привремената ковид болница во белградската „Штарк арена“ повторно е подготвена да прима пациенти поради зголемениот број на заболени со коронавирусот, објави Министерството за одбрана на Србија.

– Следејќи го развојот на епидемиолошката состојба, српската војска уште еднаш ја подготви Арена за прием на пациенти. Подготвени сме да го сториме тоа веднаш штом медицинските власти тоа го побараа, изјави министерот за одбрана, Александар Вулин за време на неговата посета на времената ковид болница во Арена.

Министерството соопшти дека за време на викендот е исчистена и дезинфицирана времената болница во „Штарк арена“, инсталирани се дополнителни кревети и целата неопходна дијагностика.

Главниот медицински координатор на таа болница, потполковник д-р Предраг Богдановиќ, изјави дека капацитетот за сместување е проширен за 150 нови кревети распоредени на третиот кат од салата и дека вкупно 510 легла сега се достапни за лекување во „Штарк арена.

– Денеска се собра медицински тим од 15 здравствени установи во Белград. Тоа е комбинација на военото и цивилно здравје. Очекувам од утре да дојдат уште неколку лекари, кои ќе бидат медицински координатори, водачи на тимови, кажа Богдановиќ, наведувајќи дека во моментов во „Штарк арена“ се ангажирани 10 лекари и 20 медицински техничари.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во Србија во моментов хоспитализирани се 390 лица заболени од Ковид-19, од кои 24 пациенти се приклучени на респиратор.

Коронавирус