среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 150
home Регион

Белград: Средбата Вучиќ-Путин е од исклучителна важност

Белград: Средбата Вучиќ-Путин е од исклучителна важност

Генералниот секретар на српскиот претседател Александар Вучиќ, Никола Селаковиќ изјави дека средбата на шефот на српската држава со неговиот руски колега Владимир Путин, што е закажана за идната недела, ќе биде од исклучителна важност за Србија.

– Очекувам средба во четири очи на двајцата претседатели, а потоа и состанок на мешовитиот Српско-руски комитет за соработка, изјави Селаковиќ за ТВ Прва, оценувајќи дека ова е една од најважните средби на Вучиќ.

Селаковиќ очекува рускиот претседател Путин да дојде во Србија во следните шест месеци, а можеби и оваа година.

Тој изјави дека од разговорите помеѓу делегациите на Србија и Косово во Њујорк не очекува ништо ново, ниту епохално, бидејќи, како што оцени, тоа се разговори кои се во тек и кои се „тешки и мачни“.

– Српскиот претседател Александар Вучиќ по прашањето за Косово се обиде да го најде вистинскиот агол, позиција која е тешко да се најде и да се избори да се зачуваат српските интереси во Косово, рече Селаковиќ. (МИА)

Коронавирус