недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Регион

Белград, Ниш и Ваљево ќе бидат затворени?

Белград, Ниш и Ваљево ќе бидат затворени?

Во текот на ноќта во Србија починаа уште двајца пациенти кај кои е потврден Кови-19, соопшти Министерството за здравство, со што во Србија вкупно починаа шест лица од коронавирус.

Како што јави допсиникот н МИА од Белград, на Клиниката за инфективни и тропски болести на клиничкиот центар во Србија почина 80-годишен пациент, кој бил на респиратор и кој боледувал од кардиомиопатија, имал хипертензија, хронично опструктивно белодробно заболување и дијабетес мелитус.

Во Клиничкиот центар во Ниш почина 62-годишна жена, која хронично се лекувала од артериска хипертензија и дијабетес, како и ревматоиден артритис.

Бидејќи Белград (158 лица), Ниш (40) и Ваљево (38) досега имаат најмноги заболени од коранвирисот, советничката за медиуми на претседател на Србија, Сузана Васиљевиќ, најави дека наскоро за овие три града може да бидат донесени нови мерки и дека сè уште не се знае какви ќе бидат тие.

Таа за ТВ Прва изјави дека претседателот Александар Вучиќ вчера на состанок на кризните штабови ги прашал лекарите за потребата од затворање на трите града и дека лекарите рекле дека засега тоа не треба да се направи и да ситуацијата треба да се преиспита за 24 часа.

Васиљевиќ кажа дека мерката изолација на цел град подразбира дека нема да има транспорт помеѓу градовите и дека луѓето не можат да излезат и да влезат во градот, за заразата да не се шири, но дека треба да се овозможи снабдување со храна.

Таа кажа дека на премиерката Ана Брнабиќ и на нејзините соработници им биле извршени тестови на коронавирус и додаде дека „мисли дека резултатите се негативни“.

-Колку што знам, потврдено е само дека во кабинетот на министерот за екологија Горан Триван има заразени, потврди Васиљевиќ, мислејќи на државниот секретар Бранислав Блажиќ.

Откако се појави првиот случај на коронавирус во Владата на Србија, министрите најверојатно во иднина ќе одржуваат седници во „Палатата на Србија“ (поранешен СИВ), бидејќи таа зграда е попространа и полесна за спроведување на сите мерки за да се спречи ширењето на заразата, пишуваат Новости.

Седниците на Кризниот штаб веќе се одржуваат во оваа зграда во Нов Белград, а од вчера таа е локација и за владините прес-конференции.