четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Регион

Белград ќе оди под карантин, 272 заболени во еден ден во Србија

Белград ќе оди под карантин, 272 заболени во еден ден во Србија

Се објави дека претседателот Александар Вучиќ вечерва ќе соопшти дека целосно го затвора главниот град Белград поради коронавирусот.

Српските медиуми објавија дека вечерва, во неговото гостување на РТС, Вучиќ ќе ги најави новите мерки за Белград поради влошување на состојбата со епидемијата, по препорака на Кризниот штаб.

Неофицијално им било потврдено дека се размислува за повторно воведување на полицискиот час во вечерните часови, но голема е веројатноста за карантин за Белград, што значи дека ќе биде забранет влез и излез од главниот град.

Вчера во Србија беа направени 8.626 тестови за COVID-19 од кои 272 беа позитивни, а четворица пациенти починаа.

Вчера исто така беше забележан најголем скок во бројот на пациенти на респираторна машина – од 42 на 73.

Се објави дека според најновите достапни податоци, од сите регистрирани случаи во изминатите 24 часа, повеќе од 80% се во Белград.

Од почетокот на корона-кризата во Србија има 14.836 потврдени случаи на COVID-19, од кои 12.464 се оздравени, а почина 281 пациент.

Коронавирус