сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 36
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Регион

Баша: Ова не е војна со луѓето, туку со вирусот

Баша: Ова не е војна со луѓето, туку со вирусот

Лидерот на најголемата  албанска опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша оцени дека  преземените мерки од страна на Владата не се доволни.

Тој коментирајќи ги измените во кривичниот законик, што денеска беа изгласани од Парламентот, а со кои се предвидени затворски казни за непочитување на мерки во вонредна состојба, рече дека се чини како Владата да не е во војна со вирусот, туку со народот.

Баша додаде дека на земјата и е потребна стратегија за излез од оваа состојба, повикувајќи го премиерот да ја зголеми финансиската помош за народот и да изврши измени во буџетот.

– Битката е со вирусот, а не со луѓето. Со вирусот се бориш, а на луѓето им се помага. Владата се чини дека се бори против народот. Предлозите се спорадични, недоволни, а ефектот за спречување на падот на економијата е речиси невидлив. Овие мерки се низа мерки, а не план за излез од кризата, истакна Баша.

Тој посочи дека не се знае дали Владата има план за излез од кризата и карантинот и го повикува премиерот доколку има план да го објави јавно.

– Транспарентноста останува главен проблем, бидејќи не се кажува вистината. Постои страв од вистината. На земјата и треба план и стратегија за да се врати во нормала. Без вистинскиот план луѓето ќе се најдат во оваа ситуација и нашата кревка економија ќе потоне. Го повикувам премиерот итно да ја зголеми финансиската помош за народот. Да направи измени во буџетот, да го зголеми фондот за итни случаи, затоа што не сме ниту на ниво на Косово, затоа што
времето не чека, порача Баша.

Тој уште еднаш го повтори барањето на опозицијата дека треба масовно тестирање за Ковид -19 во земјата.

Коронавирус