вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Регион

Баша: Албанската економија пополека умира како последица на грабежите на Рама

Баша: Албанската економија пополека умира како последица на грабежите на Рама

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, реагираше во врска со последниот извештај на американскиот Стејт департмент,во кој се  констатира дека  „Албанија е земја каде тешко се води бизнис“.

Баша  оценува дека албанската економија умира како последица на „грабежите на премиерот Еди Рама и грст олигарси“.

– Албанската економија секојдневно умира како резултат на грабежот и уништувањето од страна на Еди Рама и неколку олигарси со кои тој дели стотици милиони. Сега веќе е  јасно дека единствената цел и единствена мотивација на Еди Рама за власт е богатењето. Затоа, единствената економска политика што Рама ги водеше во овие пет години е грабеж. Крадење на даноците на граѓаните со давање концесии со сомнителни договори, кражба на богатството на земјата од нафта и руда, до земјиште на крајбрежјето и во центарот на Тирана, грабежот на странските инвеститори со цел да ги истера или да ги оддалечи од Албанија за да не им бидат конкуренција на олигарсите,- напиша Баша на социјалната мрежа фејсбук.

Според него, „американската влада е последователна институција која ја потврдува корумпираната и криминална политика на Рама“.

Посочува дека во извештајот на Стејт департментот за бизнис климата во светот, се истакнува дека Албанија не е соодветно место за амриканските бизниси поради корупција, недостаток на владеење на правото, корупцијата при јавните набавки и директните договори,како и недостиг на конкуренција.

– Извештајот има негативни оценки во  секој аспект на бизнис климата и владеењето, но најсериозен факт е тоа што  докажува дека на странските инвеститори  Еди Рама ги уценува да  соработуваат со неговите клиенти или на друг начин  немаат можност да инвестираат. Се чини дека грабежот на Албанија и Албанците не беше доволен, па Еди Рама сака да ги ограби и Американците, Европејците и секој кој сака да води бизнис во Албанија, смета Баша.

Баша,констатира дека  Албанија е единствената земја во светот која нема нови странски инвестиции во последните пет години и не се создадени нови работни места.

МИА

Парламентарни избори 2020