недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 23
home Регион

Балканска работа: На свадба се заразиле 120 лица, невестата не сакала да се замара

Балканска работа: На свадба се заразиле 120 лица, невестата не сакала да се замара

Не само кај нас, туку на цел Балкан и Европа со месеци наназад е забрането организирањето на големи свадби, со цел спречување на ширењето на новата болест. Но за некој очигледно ваквите забрани не значат ништо.

Млад брачен пар и покрај сите забрани, предупредувања и насоки, решил да направи свадба, притоа загрозувајќи го животот на повеќе од 100 гости. Свадбата била одржана на 12 октомври во Меџимурската жупанија во Хрватска, и како типична балканска свадба, на неа биле поканети стотици гости од потесните семејни кругови на невестата и младоженецот.

Меѓутоа, набрзо по свадбата, на гостите дефинитивно не им било до славење, имајќи во предвид дека свадбата била жариште во кое се заразиле најмалку 120 луѓе, но хрватската власти се уште трагаат за вкупниот број, како и контактите кои ги имале гостите на оваа свадба.

На прашањето што мисли невестата околу бројот на новозаболени кои биле резултат на нејзината одлука да ја одржи свадбата, таа одговорила “Не сакам да се замарам со тоа”.

Иако дел од луѓето кои коментирале за спорната свадба во Хрватска се обидоа да ја бранат невестата и нејзината одлука и покрај новонастаната ситуација да се одржи свадбата, дел од нив остро ја критикуваа одлуката на младенците.

Коронавирус