петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 119
home Регион

БАЛКАНОТ НЕ МИРУВА: Земјотрес ја стресе и Хрватска

БАЛКАНОТ НЕ МИРУВА: Земјотрес ја стресе и Хрватска

По Албанија, БиХ, и Црна Гора умерен земјотрес синоќа ја потресе и Хрватска, јавија хрватските медиуми.

Потресувањето на тлото било со сила од 2,9 степени според Рихтеровата скала и синоќа можело да се почуствува во Карловац, но и во делови од Загреб.

По серијата потреси во Албанија кои изминатите два дена можеа да ги почуствуваат жителите од јужните делови на Хрватска, синоќа потреси се почуствувале и во внатрешноста од земјата, пренесе загрепски „Јутарњи лист”.

Сеизмолошката служба информира дека во 20.17 часот на сеизмографите бил забележен умерен потрес со епицентар од околу 20 километри југоисточно од Карловац.

 

Коронавирус