недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Регион

Автопат на смртта: Ива и Рената загинаа на истата делница каде животот го загуби Тоше Проески

Автопат на смртта: Ива и Рената загинаа на истата делница каде животот го загуби Тоше Проески

Страшната сообраќајна несреќа што пред два дена се случи на автопатот А3 кај Новска, во која животот го загубија две 14-годишни девојчиња, а едно уште се бори за живот, повторно ги распламти приказните во Хрватска за „клетиот“ автопат, кој само на неколку десетици километи однесе многу животи.

-Веројатно најпознатата несреќа на овој автопат се случи во 2007 година, кога, недалеку од Нова Градишка, смртно настрада познатиот македонски пејач Тоше Проески, кој со својата менаџерка Лилјана Петровиќ и со возачот Георги Георгиевски патуваше во Скопје кон Загреб, пишува загрепски „Јурањи лист“.

Во 2013 во близина смртно настада и познатата хрватска актерка Долорес Ламбаша, една година подоцна босанскохрецеговскиот актер и поранешен министер за култура, Емир Хаџихафизбеговиќ, пак, имаше несреќа кога со автомобилот удри во жена, која загина.

ИЗВОР: ММС