сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 90
home Регион

Автобус со туристи се судри со пожарна кај Солун- еве ги деталите

Автобус со туристи се судри со пожарна кај Солун- еве ги деталите

По судир на туристички автобус со комбе, противпожарната служба на Грција, со употреба на скала преку прозорецот на автобусот спаси 50 лица (48 патници и двајца возачи).

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во туристичкиот автобус се превезувале туристи од Србија, сите се неповредени, само двајцата возачи биле полесно повредени, а еден е пренесени во болница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, сообраќајната несреќа се случила околу два часа по полноќ во близина на Солун, а крајната дестинација на автобусот бил островот Евија.

Во спасувањето на туристите од автобусот, учествувале пет пожарникари со две возила.

Коронавирус