сабота, 17. август 2019. Вести денес: 91
home Регион

Автобус полн со деца за малку не завршил во река: Децата расплакани и шокирани излегоа од возилото (ФОТО)

Автобус полн со деца за малку не завршил во река: Децата расплакани и шокирани излегоа од возилото (ФОТО)

Автобус полн со деца за малку не завршил во река во Босна на патниот правец Врандук кај месноста Јелина, за среќа нема ниту повредени.

Возачот на автобусот додека се разминувал со други возила од спротивна страна, малку повеќе премина на десната страна и едната страна од автобусот заврши во каналот покрај патот пренесува порталот Клих.ба.

Вистинско чудо е како е избегната несреќата, а за среќа никој од децата не е повреден.

Според раскажувањата на очевидците, децата од автобусод излегле расплакани поради шокот кој што го претрпеле.