понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Авион принудно слетал среде автопат во Хрватска – патниците излегле од него преплашени (ФОТО)

Авион принудно слетал среде автопат во Хрватска – патниците излегле од него преплашени (ФОТО)

На автопатот Загреб-Ријека авион од типот „цесна 150 М“ слетал среде коловозна лента. Читателите на 24сата.хр кои во тој момент биле во автомобилот, го снимиле принудното слетување. Сите биле шокирани.

„Почна да кружи по небото над нас, се спушти многу ниско, но и понатаму мислевме дека тоа е нормално, потоа сфативме дека тој навистина ќе слета.

Малку се движеше по средина на патот додека со крилото не се заби во оградата и остана на лентата, а од авионот излегоа жена и маж преплаштени“, рекол читател за 24сата.хр кој ги снимил и видел.