среда, 19. септември 2018. Вести денес: 170
home Регион

Арифај: Посетата е одобрена, незнам дека нешто се променило

Арифај: Посетата е одобрена, незнам дека нешто се променило

Посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Косово е одобрна и не знам дека нешто се пороменило, изјави денеска советникот на косовскиот претседател Ардијан Арифај.

– Одобрена му е посетата и не знам дека тука нешто се променило, рече Арифај за Танјуг.

На прашањето дали оваа посета ја вклучува и Газивода, Арифај рече дека Минисертвото за надворешни работи на Косово ги знае деталите, затоа што тоа дава одобренија.

– Ние како претседателство не знаеме, додаде советникот на Тачи.