четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 131
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Регион

Антивладини протести во Албанија: Опозицијата ги повика граѓаните да не плаќаат даноци

Антивладини протести во Албанија: Опозицијата ги повика граѓаните да не плаќаат даноци

Албанската опозиција блокира четири главни делници протестирајќи против Владата, обвинувајќи ја за поврзаност со организираниот криминал, зголемувањето на даноците и за сиромаштијата.

Главната опозициска Демократска партија денеска ја бојкотираше собраниската седница со цел да покрене „граѓанска непослушност“, блокирајќи патишта и повикувајќи ги граѓаните да не плаќаат даноци.

На четири главни автопатишта ширум земјата се собраа стотина приврзаници на опозицијата барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

Полицијата соопшти дека протестите се нелегални, бидејќи претходно не биле најавени.

Демократската партија на минатогодишните избори освои само 43 од вкупно 140 места во Парламентот.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година, а во 2014 година доби кандидатски статус и се надева оти годинава ќе ги почне преговорите за членство во Европска унија.

Коронавирус