четврток, 30. март 2023. Вести денес: 136
home Регион

Антикорупциската комисија најави кривични пријави за зголемувањето на платите на косовските министри

Антикорупциската комисија најави кривични пријави за зголемувањето на платите на косовските министри

Агенцијата за борба против корупцијата на Косово најави дека ќе ги преземе потребните законски дејствија во врска со одлуката на Владата за зголемување на платите на премиерот Рамуш Харадинај, на министрите и други високи владини функционери, јави дописникот на МИА од Приштина.

Законот за спречување на конфликтот на интереси ја обврзува Агенцијата да покрене кривични пријави, бидејќи таа и во првичното толкување, на почетокот на годината, констатира дека Владата постапила спротивно на споменатиот закон, пишува денеска „Коха Диторе“.

Весникот го цитира членот 22 на Законот, во кој се вели дека „секогаш кога Агенцијата има основано сомнение дека со прекршувањето на одредбите од овој закон има елементи на кривично дело, должна е да поднесе кривична пријава до надлежното Обвинителство“.

– Во врска со ова прашање, Агенцијата за борба против корупцијата ќе постапи согласно законодавството кое е на сила, се вели во одговорот на Агенцијата доставен до весникот.

(Миа)