петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 0
home Регион

Анкета: Седум од десет Грци се против Русија во војната со Украина

Анкета: Седум од десет Грци се против Русија во војната со Украина

Седум од десет Грци, односно 71 отсто се против Русија во војната со Украина, а само 14 проценти ја поддржуваат Москва, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Metron analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

Покачувањето на цените и економијата и понатаму, според анкетираните се најважните проблеми во земјата, 58 отсто сметаат дека поскапувањата се резултат на меѓународните случувања, а 39 проценти дека е одговорност на Владата.

На политичката сцена, разликата меѓу Нова демократија и СИРИЗА е 8,2 отсто, а актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис со 34 отсто е „најсоодветен за премиер“.

Од анкетираните, 38 отсто ја оценуваат позитивно работата на Владата, а 19 проценти негативно, а 54 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока, наспроти 38 проценти што веруваат дека оди во правилна насока.

Истражување на јавното мислење на „Metron analysis“ за „Мега“ било спроведено меѓу 17 и 23 мај со анкетирани 1.300 лица.

Коронавирус