недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Регион

Анкета: Колинда неприкосновена, еве колкава е нејзината доверба кај Хрватите

Анкета: Колинда неприкосновена, еве колкава е нејзината доверба кај Хрватите

На една година пред претседателските избори во Хрватска, анкетите покажуваат дека најголема доверба ужива актуелната шефица на државата Колинда Грабар-Китаровиќ со 41 отсто.

Анкетата на агенцијата Промоцијаплус, изработена за РТЛ, од која треба да се добие слика за силите на потенцијалните претседателски кандидати, покажува дека на второ место е Зоран Милановиќ. За него, како за независен кандидат би гласале 18 проценти од анкетираните. За претседателката на Комисијата за одлучување за судир на интереси Далија Орешковиќ би гласале 11 отсто, а за лидерот на „Жив ѕид“ Вилибор Синчиќ – девет отсто од испитаниците.

Анкетата е спроведена од 3 до 6 декември на статистички примерок од 1.300 испитаници од цела Хрватска.

Коронавирус