среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Анкета: 74 отсто од Грците сигурно или веројатно ќе се вакцинираат

Анкета: 74 отсто од Грците сигурно или веројатно ќе се вакцинираат

Седум од десет Грци, односно 74 отсто, сигурно (47 проценти) или веројатно (27 отсто) ќе се вакцинираат против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Опинион пул“ (Opinion Poll) за грчкиот електронски весник „Политикал“ (Political), јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето „колку се оптимисти за конечно справување со пандемијата по почетокот на вакцинацијата“, 37 отсто рекле дека се „доста“ оптимисти, 28 проценти „малку“ оптимисти“, 19 отсто одговориле дека се „многу“ оптимисти, а 14 проценти „воопшто“.

Поделено е мислењето на граѓаните за тоа дали земјата оди во погрешна или во правилна насока, 45 отсто одговориле дека е во правилна, а 44 проценти во погрешна насока.

Повеќе од половина од испитаниците, односно 51,1 отсто рекле дека со сето она што се случува во Грција чувствуваат загриженост и стрес.

Во однос на распоредот на политичките сили во земјата, доколку следната недела би се одржале избори, 38,6 отсто од анкетираните би гласале за Нова демократија, 21,4 проценти за СИРИЗА, 6,5 проценти за Движење на промена.

Додека пак за премиерската позиција, 51,2 проценти од испитаниците рекле дека Кирјакос Мицотакис е соодветен за премиер, наспроти 19,8 проценти кои го одбрале Алексис Ципрас, а 24,1 процент одговориле ниту еден од двајцата.

Во истражувањето на „Опинион пул“ за весникот „Политикал“ спроведено од 4 до 8 јануари, телефонски биле анкетирани 1.004 лица со право на глас.

Коронавирус