петок, 17. септември 2021. Вести денес: 46
home Регион

Анархисти го нападнаа турскиот конзулат во Атина

Анархистичкото здружение „Рубикон“, стои зад низа инциденти и напади во Грција, упади во министерства, во компании, организации и сл
Анархисти го нападнаа турскиот конзулат во Атина

Со автобус од грчкиот јавен градски превоз, околу 15-на членови на анархистичката група „Рубикон“, пристигнаа пред турскиот конзулат во Атина, го нападнаа со бои и кусо потоа си заминаа, повторно со автобус.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според видеото што самите го објавија неколку часа по инцидентот, нападот е поради турската интервенција во Африн.

– Африн падна, но борбите продолжуваат, коментираат членовите на „Рубикон“.

Според грчките медиуми, полицијата по нападот привела 4 лица, но кусо потоа сфатиле дека тие немаат никаква врска со нападот и биле веднаш ослободени.

Од грчката полиција го осудуваат нападат, велат дека станува збор за неприфатлива постапка, а во тек е истрага за откривање на сторителите.

Анархистичкото здружение „Рубикон“, стои зад низа инциденти и напади во Грција, упади во министерства, во компании, организации и сл.

МИА

Коронавирус