среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Регион

Американската амбасадорка во Тирана, позитивна на Ковид-19

Американската амбасадорка во Тирана, позитивна на Ковид-19

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким е позитивна на Ковид-19, објави таа на Твитер.

Иако не дава детали за симптомите или состојбата, американската дипломатка пишува дека следните денови ќе биде во самоизолација и оти од дома ќе продолжи своите должности.

Таа упати апел до сите да внимаваат на здравјето со почитување на мерките за заштита од опасниот вирус.

– Пријатели, сакав да ве известам дека имав позитивен резултат на тестот за Ковид-19. Ќе продолжам да работам од дома, каде ќе бидам во самоизолација во следните дена. Ви благодарам за вашите желби и ве молам, бидете внимателни за вашето здравје, напиша амбасадорката Ким.

Од 28 минатиот месец позитивен на Ковид-19 е и амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца.

Во Албанија по новогодишните и божикните празници бројот на новозаразени е во постојан раст, посебно во овој месец. Официјалната статистика потврдува дека за 11 дена од месецов регистрирани се околу 12.000 новозаразени со тенденција на постојан раст.

ЕУРО 2020

Македонија