четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Регион

Александра уценувала бизнисмен со експлицитни снимки- му барала 15.000 евра, полицијата ја уапсила во кафуле

Александра уценувала бизнисмен со експлицитни снимки- му барала 15.000 евра, полицијата ја уапсила во кафуле

Александра Р. од Белград и нејзиниот пријател преку Вајбер му испраќале пораки на нејзиното поранешно момче и му барале 15.000 евра за да не ги испрати снимките кај неговото семејство на кое се тие двајца.

48-годишната Александра и нејзиниот 51-годишен пријател Младен се уапсени поради сомнение дека од крајот на март на еден бизнисмен со кој таа претходно била во врска го уценувале и му барале пари, со закана дека нивните компромитирачки снимки од секс од периодот кога се гледале ќе ги достават до неговото семејство.

-Оштетениот најпрво прифатил да им плаќа 150 евра месечно, а потоа им дал 4.000 евра за да престанат да го уценуваат. Како што постои сомнение, тие породолжиле со уцената и барале да им даде додатни 15.000 евра за да ги уништат компромитирачите содржини – соопштила вчера полицијата.

Бизнисменот сфатил дека тие никогаш нема да го остават на мира и затоа пријавил во полиција. Договорил состанок со нив во кафуле во Белград и таму и биле уапсени.

Александра и Младен на сослушувањето во Обвинителството признале дека го уценувале белграѓанецот.

Коронавирус