вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Регион

Александар Вулин доби забрана за влез во Косово

Александар Вулин доби забрана за влез во Косово

На српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, не му бил дозволен влез во Косово и Метохија.

Вулин, со делегација на военото здравство, требало да го посетат Клиничкиот центар во Косовска Митровица.

„Во одговорот од Приштина е наведено дека не се во можност позитивно да одговорат на барањето, со што уште еднаш се покажа дека Рамуш Харадинај лаже“, се наведува во соопштението од кабинетот на Вулин.

Се додава дека планиранта посета имало исклучително хуманитарен карактер.