понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 152
home Регион

Александар Вучиќ во посета на Кина

Александар Вучиќ во посета на Кина

Српскиот претседател Александар Вучиќ од денеска, па до 19 септември претсојува во посета на Кина, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Вучиќ ќе има одделни средби со претседателот на Кина, Си Џинпинг и со кинескиот премиер Ли Кечијанг. За време на посетата се планира да бидат потпишани серија билатерални договори.

За време на престојот во Пекинг и Тјенчин, Вучиќ ќе се сретне и со гувернерот на провинцијата Хебеј, Су Чин, како и со претставници на повеќе големи кинески компании, финансиски институции и владини агенции.

На последниот ден од посетата, Вучиќ ќе учествува на редовниот годишен состанок „Нови шампиони“, што го организира Светскиот економски форум (Летен Давос). На форумот ќе учествуваат повеќе од 2.000 претставници од политиката, бизнисот, науката и културата.

Во состав на српската делегацијата што престојува во посета на Кина се и министерите за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ, за финансии Синиша Мали и за енергија и рударство Александар Антиќ, како и гувернерот на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ.

Коронавирус