понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Регион

Албин Курти нападнат во Косовска Митровица (ВИДЕО)

Албин Курти нападнат во Косовска Митровица (ВИДЕО)

За време на партискиот собир на Самоопределување во јужниот дел на Косовска Митровица, едно лице денес физички го нападнало и навреди лидерот на тоа движење, Албин Курти.

Еден од присутните на партискиот собир во Митровица жестоко го навредил водачот на Самоопределениот и се обидел физички да се пресмета со него, што било спречено од обезбедувањето, наведува приштински „Клан Косова“.

Реагирал и градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири, кој се обидел физички да се пресмета со граѓанинот, користејќи пцовки.

Заминувањето на Вјоса Османи и Албин Курти на северот на Косово предизвика бројни проблеми и несогласувања. Претходно денес, претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК) реагираа со изјава во која сметаат дека лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти и в.д. претседателката на Косово, Вјоса Османи го нарушиле уставниот поредок на Косово со одење во Северна Митровица, со цел да соберат ефтини политички поени.

– Повеќе од една деценија, Албин Курти зборуваше дека „ќе оди во Митровица“, воден од омраза да докаже дека државата Косово е неспособна и пропаднала. Тој се обидува да профитира политички на штета на институциите, а денес ја посрамоти државата и сериозно влијаеше на достигнувањата во тој дел на Косово – се наведува во соопштението на ДПК, кое го пренесе приштински „Газета експрес“.

ЕУРО 2020

Македонија