среда, 30. септември 2020. Вести денес: 87
home Регион

Албанските пратеници три месеци ќе добиваат преполовена плата

Албанските пратеници три месеци ќе добиваат преполовена плата

Пратениците во албанскиот законодавен дом ќе добиваат по половина плата во период од три месеци.

Одлука за тоа на денешната онлајн седница донесе претседателството на албанското Собрание, со кое раководеше собранскиот спикер Грамос Ручи, а го сочинуваат координаторите на парламентарните групи.

„Во рамки на напорите за полесно надминување на состојбата со пандемијата, предизвикана од Кобид-19, а во знак на солидарност со граѓаните и деловните субјекти, погодени од мерките за спречување на проширувањето на коронаврусот, претседателството на Собранието одлучи платата на пратениците во Албанија да се преполови во период од три месеци“, се наведува во соопштението на албанскиот парламент.

Се додава дека Ручи, упатил писмо до првите луѓе на „триесетте уставни и институции формирани со закон, да ја преземат истата мерка“.

Поголемот дел од албанските пратеници,меѓу нив и пратеникот на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, самоницијативно се откажаа од декемвриската плата за ублажување на последиците од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември минатата година.

Коронавирус