четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Регион

Албанската опозиција со тешки обвинувања: Власта сокрива 600 смртни случаи од коронавирус

Албанската опозиција со тешки обвинувања: Власта сокрива 600 смртни случаи од коронавирус

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, обвини дека албанските власти ја кријат реалната бројка на починати од Ковид-19.

Тој, гостувајќи во телевизиска емисија, излезе со тврдења дека биле скриени 601 смртен случај. Власта до крајот на октомври, тврди тој, скрила 414 смртни случаи, а само во ноември, пак, не биле прикажани 187.

-Во периодот март-октомври властите објавија дека починале 509 лица а всушност реалната бројка е 923. Ситуацијата е уште полоша во текот на овој месец кој сеуште не е завршен. Во првите 17 дена од месецот официјално беше објавено дека починале 128 лица, додека реалните бројки покажуваат дека бројот на смртни случаи во текот на овие денови е повеќе од двојно или 315, рече Баша.

Посебно го наведе деветти ноември, кога Министертвото објави дека од коронавирусот починале 11 а всушнот, како што тврди тој, реалната бројка на починати била 26 лица.

Тоа го поткрепува со податоци добиени од болниците и додаде дека за сите починати располага со лични податоци.

Вчера во Албанија беше регистран нов негативен рекорд од 786 новозаразени, 349 оздравени и 11 починати.

Коронавирус