понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Албанија забран влез на околу 400 тони месо од Бразил, Канада и Кипар

Албанија забран влез на околу 400 тони месо од Бразил, Канада и Кипар

Албанската Агенција за контрола на храна денеска забрани влез на вкупно 387,1 тони месо увезено од Бразил, од Канада и од Кипар.
Според Агенцијата 234,5 тони месо се вратени назад во земјата на потекло и уште 152,6 тони се во процес на враќање.

Тие биле запрени за време на контролите што ги извршиле инспекторите за храна во пристаништето Драч, бидејќи било констатирано дека е небезбедно за консумирање.

– Вратени се назад во земјата на потекло пет пратки од 107.240 тони свинско месо со потекло од Бразил, две со тежина од околу 53 тони со крајна дестинација Косово, како и 74.946 тони свинско месо со потекло од Канада. Останата количина, која е во процес на враќање е свинско и телешко месо и плешки филети по потекло од Бразил и од Кипар, се наведува во соопштението од Агенцијата за храна.

Исто така се посочува и дека пратките не поседувале пред се ветеринарен сертификат како главен документ за безбедност на производи и сертификати за анализа, а било утврдено и присуство на рактопамин, нерегистриран и забранет ветеринарен медицински производ за употреба во Албанија и во ЕУ.