сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 52
home Регион

Албанија втора по баратели на азил во ЕУ

Албанија втора по баратели на азил во ЕУ

Албанија е на второ место по баратели на азил според бројот на жители, веднаш зад Сирија, објавија албанските медуми повикувајќи се на Европската канцеларија за азиланти.

Според податоците на канцеларјата, Албанија има 18 апликации на 100.000 жители.

– Во април и мај има пад на барањата за азил, но затоа пак нивниот број се зголемува од јуни. Во извештајот се наведува дека во јули имало 505 апликации, од кои 366 биле првпат. Во споредба со јуни, има 171 апликација повеќе, додека споредено со истиот период лани бројот е трипати помал, јави Ора њуз телевизија.

Додека споредено со истиот период минатата година има намалување за 72 отсто, што е последица на ограничувањето на движењата поради новиот коронавирус и затворање на границите.

Според податоците на Евростат, околу 75 проценти од Албанците кои бараат азил во земјите на Европската Унија се на возраст под 34 години.

Коронавирус