среда, 12. август 2020. Вести денес: 165
home Регион

АЛБАНИЈА УШТЕ СЕ ТРЕСЕ: Нов земјотрес, почувствуван до Црна Гора

АЛБАНИЈА УШТЕ СЕ ТРЕСЕ: Нов земјотрес, почувствуван до Црна Гора

Нов земјотрес е регистриран во Албанија со магнитуда од 4,2 степени по Рихтер, а се почувствувал и во Црна Гора.

Земјотресот го регистрирал Сеизмолошкиот завод на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот бил јужно од Медова.

Овој потрес бил со средна сила, а хипоцентарот бил на длабочина од осум километри. Земјотресот можел да предизвика само помала материјална штета во епицентралното подрачје.

Пред десетина дена Драч и Тирана беа силно погодени од земјотрес при што настрадаа 52 лица.

Коронавирус