недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Регион

Албанија прогласи состојба на природна непогода

Албанија прогласи состојба на природна непогода

Албанската Влада прогласи состојба на природна непогода на целата територија на земјата во период од 30 дена.

Донесувањето на оваа одлука значи дека Владата и општините имаат законска обврска да ги компензираат сите граѓани погодени од природната непогода.

„Законот за цивилна заштита предвидува дека, во зависност од видот на вонредна состојба, владата треба да преземе мерки како што се: Назначување државни објекти за да им служат на граѓаните за засолниште, евакуација на граѓаните и сместување во во безбедни места. Владата и општините се законски должни да ги компензираат сите граѓани погодени од природни непогоди,пренесува Топ чанел телевизија.

Одлуката на Владата доаѓа две недели по појавата на коронавирусот во земјата, стапува во сила веднаш.

Заклучно со вчерашните објавени податоци во земјата од „Ковид-19“ заразени се 123 лица, десет од нив се излекувани, додека пет починале.

Претходно прогласување состојба на природна непогода побара опозициската Демократска партија, која експресно ја поздрави одлуката на Владата.

„Демократската партија ја поздравува одлуката за прогласување состојба на природна непогода пет дена по официјалното барање на опозицискиот лидер Љуљзим Баша,наведува партијата.

За денеска исто така претседателот Илир Мета најави онлајн седница на Советот за национална безбедност, на која поканет за учество е и лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.