недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 10
home Регион

Албанија: Парламентарната опозиција на средба со спикерот Ручи за изборната реформа

Албанија: Парламентарната опозиција на средба со спикерот Ручи за изборната реформа

Групата пратеници од албанската парламнетарна опозиција, во која е и Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за еворпска интеграција, попладнево оствари средба со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи.

Средбата е реализирана по барање на пратениците а со цел да му бидат доставени нивните барања околу новиот изборен законик.

-Парламентарниот спикер Ручи го запознавме со нашите седум барања. Прво тоа е моето барање за загарантирани места во албанскиот законодавен дом за малцинствата,за кое добив целосна подршка од оваа група пратеници. И пред него го изнесов мојот став дека доколку се гарантираат пратенички места за малцинствата, што го има во многу поразвиени земји, Албанија ќе се вброи во најдемократските земји, изјави Стерјовски за МИА.

Останатите барање според него се :Албанија да биде една изборна единица, да има отворени листи, да гласа и дијаспората, да се деполитизираат изборните комисии и одбори, да се обезбеди електронско броење на гласовите и да нема финансирање на партиите од буџетот на државата.

Ручи од своја страна им гарантирал дека предлозите ќе бидат доставени до законоданва и другите парламентарни комисии, како и на пленарна седница на парламентот.

-Парламентарната процедура, која ќе се следи, нема да го загрози никого, туку целосно ќе го почитува правото на секој пратеник да предлага, дискутира, разлегува, да гласа или да се спротивстави на законската иницијатива која ќе биде прзентирана во Парламентот,-додал Ручи.

Барањата веќе се доставени и до сите странски амбасади.

Коронавирус