четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 107
home Регион

Албанија од ЕУ доби 20.000 тестови за Ковид-19

Албанија од ЕУ доби 20.000 тестови за Ковид-19

Албанија ги доби најавените 20.000 тестови донација од Европската унија.

На директорката на Институтот за јавно здравје, Албана Фицо донацијата и ја предаде амбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца.

–Овие тестови ќе послужат за поквалитетна анализа. Колку посигурни се тестовите, толку поефикасна е војната. ЕУ
стои до Албанија. Солидарноста и соработката меѓу Албанија и ЕУ посилна од кога било, напиша Сореца на Твитер.

Според вчерашните последни објавени податоци од Институтот за јавно здравје, во Албанија направени се 6.768 тестови а потврдени позитивни на „Ковид-19“ се 678 лица, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани случаи.

Битката со опасниот вирус ја добиле 394 или 58,1 отсто од вкупно заболените, додека починале 27 лица.

Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Нроќи“ се лекуваат 38пазциенти,од кои осум се на интензивна
терапија, од нив четворица во тешка состојба.

Коронавирус