сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 65
home Регион

Албанија ќе лансира сателити во вселената

Албанија ќе лансира сателити во вселената

Премиерот Еди Рама објави дека Албанија следната година ќе ги лансира своите први сателити во вселената, во соработка со компанијата на Илон Маск, „СпејсЕкс“.

„Албанија во орбитата, неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото објавено на социјалните мрежи.

Првиот албански сателит наречен „Албанија 1“ ќе биде испратен во вселената во март, додека лансирањето на „Албанија 2“ ќе следува во јуни. Рама не изнесе информации за типот на сателитите, додавајќи дека „СпејсЕкс“ го запознал со деталите за лансирањето.

„‘Албанија 1‘ и ‘Албанија 2‘ ќе ни овозможат да ја засилиме контролата врз целата територија на земјата“, изјави Рама.

Коронавирус