вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Албанија и САД потпишаа договор за екстрадиција

Албанија и САД потпишаа договор за екстрадиција

Албанија и САД потпишаа нов договор за екстрадиција, со кој се заменува договорот потпишан во 1933 година од страна на тогашниот албански дипломат, Фаик Коница.

Договорот денеска го потпшаа министерката за правда Етилда Ѓонај и амерканската амбасадорка во Тирана, Јури Ким.

Американската дипломатка рече дека по овој договор нема да има безбедно засолниште, ниту во САД, ниту во Албанија, за бегалците кои се обидуваат да избегаат од правдата.

-Овој договор е најновиот доказ за растечкото партнерство меѓу нашите земји. Овој договор го модернизира и заменува оној меѓу САД и Албанија, кој беше потпишан на 1 март 1933 година кога Албанија беше Кралство, а не Република. Овој договор за екстрадиција што го потпишуваме денес обезбедува модерна рамка што ќе им овозможи на САД и на Албанија да се соочат со динамичните предизвици што ги носи меѓународниот криминал, рече Ким по потпишувањето на договорт.

Според неа, договорот обезбедува уште едно моќно оружје за ставање крај на неказнивоста на криминалците кои се обидуваат да се засолнат зад границите.

-Во Албанија или САД веќе нема да има безбедно засолниште за бегалците кои се обидуваат да избегаат од правдата. Лицата барани за кривично гонење или за издржување казна за делото за кое треба да се екстрадираат ќе се предадат според условите на овој договор. САД одиграа клучна улога во поддршката на Албанија во нејзиниот развој како ефикасен, кредибилен партнер за евро-атлантско спроведување на законот,посочи таа.

Ја нагласи и подршката на нејзината земја за успешна правосудна реформа во Албанија, додавајќи дека колку е поефикасна Албанија во гонењето на меѓународниот криминал, толку повеќе ќе биде подготвена да биде полноправна членка на евро-атлантското семејство.

За минстерката Ѓонај ова е историски настан и чекор кон безбедноста.

– Овој договор е резултат на долга билатерална работа и многу тесна соработка меѓу двете влади. Претставува чекор напред во борбата против криминалот. Никој нема да најде засолниште за да избегне спроведување на законот во САД и Албанија. Ова е доказ за непрекината поддршка на нашиот заеднички пријател и сојузник САД. Американската техничка поддршка е изразена уште од почетокот на подготовката на правосудната реформа. Свесни сме дека има уште многу да се направи. Препреките што се среќаваат треба да ги намалат важните резултати постигнати со спроведувањето на правосудните реформи,рече Ѓонај.

Денес,додаде, со најголема гордост можам да изразам дека историјата ни даде задоволство да го потпишеме договорот,кој ќе послужи „како пасош на европското патување“.

Коронавирус