сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 61
home Регион

Албанија доби 100.000 дози вакцина „АстраЗенека“ донација од Грција

Албанија доби 100.000 дози вакцина „АстраЗенека“ донација од Грција

Во Институтот за јавно здравје во Тирана попладнево пристигнаа 100.000 дози вакцини „АстраЗенека“, донација од Република Грција, соопшти министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, заблагодарувајќи и се на Република Грција за поддршката.

Таа најави дека вакцинацијата ќе продолжи од врата до врата.

„Во Институтот за јавно здравје штотуку пристигнаа 100.000 дози вакцина „АстраЗенека“ благодарение на солидарноста и поддршката на владата на Република Грција. Досега пристигнати се 1.220.070 анти-ковид вакцини. Ние сме решени да продолжиме без да застанеме со националниот план за вакцинација, од врата до врата, за да ги заштитиме животот и здравјето на граѓаните. Албанија се насмевнува“, напиша Манастирлиу на Фејсбук.

Со процесот на имунизација, кој во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари, до сега, опфатени се над милион и 20 илјади граѓани а половината од нив се ревакцинирани. Се користат вакцини од „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Синовак“ и „Спутник В“.

Според националната стратегија за вакцинирање, целото население во Албанија треба да биде вакцинирано до пролет следната година. Според оваа стратегија, за да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.вт

Коронавирус