петок, 30. јули 2021. Вести денес: 100
home Регион

Албанија: Денеска и утре вакцинација на младите над 18 години

Албанија: Денеска и утре вакцинација на младите над 18 години

Денеска и утре во Албанија се „отворени денови“ за вакцинација на популацијата над 18 години.

На порталот e-Albania во изминатите два дена се пријавиле над 4.000 лица, кои според добиениот термин, ќе може да ја добијат првата доза 8 до 20 часот, во вакциналните пунктови на местото на живеење.

Како што информираше министерката за здравство социјална заштита, Огерта Манастрлиу, имунизацијата на оваа категорија граѓани се одвива непречено, паралелно со масовната вакцинација, со која до сега се опфатени околу 940.000 илјади граѓани, од кои околу 400.000 веќе ги примиле двете дози од вакцината.

-Пристигнаа 24.040 вакцини. Од нив 14.040 од Фајзер, дел од договорот на албанската влада и поддршката на Европската унија, додека 10.000 дози вакцина Астра Зенека, поддршка на владата на Хрватска за нашата земја. Досега пристигнати се вкупно 1.103.690 вакцини. Продолжуваме се додека не се вакцини последниот граѓанин. Албанија се несмевнува, напиша министерката на Фејсбук.

Епидемиолошката состојба во земјата и понатаму е стабилна. Вчера беше регистриран еден новозаразен со Ковид-19, додека четворица оздравени. Активни на болеста се 63 лица, од нив само едно е на болнички третман.

Од задрутре, 1 јули, полицискиот час ќе почнува на полноќ, наместо во 23 часот и ќе трае како и до сега до 6 часот.

Коронавирус